Немате време да одите на маникир, а гелот почна да ви се лупи од ноктите
Гел-лакот стана се почест избор за жените кога ќе одлучат да одат на маникир. Денес сите некаде брзаме, а понекогаш не можеме да одвоиме време да си ги средиме ноктите. Исто така, многу е тешко да се закаже во последен момент, а едноставно не можеме да одиме со излупени нокти. Доколку се најдете во таква ситуација, гел-лакот можете да го отстраните и дома.
Еве што ви треба:
– турпија за нокти
– ацетон
– памучна вата
– алуминиумска фолија
– масло за кутикули
Постапка:
Треба да бидете внимателни и трпеливи за да не ја оштетите плочката на ноктот. Во никој случај не треба да го лупите гел-лакот од ноктите. Горниот слој од гел-лак ќе го отстраните со турпија. Треба да го турпијате ноктот во една насока додека не го изгуби сјајот. Ова ќе го отстрани површинскиот слој на гелот.
Потоа, намачкајте го ноктот со масло за кутикули, хранлива крема или вазелин, за да го заштитите од сушење, што може да се случи во следните чекори. На парчињата памучна вата ставете ацетон, така што убаво ќе ја натопите. На секој нокт ставете памучна вата и завиткајте со алуминиумска фолија. Добро затегнете. Оставете ја фолијата на ноктите 15 до 20 минути. Доколку гелот не паднал целосно, повторете ја постапката и држете ја фолијата уште неколку минути. Потоа намачкајте ги ноктите со масло за кутикули или кокосово масло за да не изгледаат уништено.
Бидејќи сите жени сакаат нивните нокти да изгледаат убаво и уредно, не одете со уништени нокти и подарете им ја грижата што ја заслужуваат. Потребно е само малку време.