
Како ќе спиете и дали ќе сонувате добри или лоши соништа во голема мера зависи од храната што ја јадете пред спиење.
Секогаш избегнувајте слатки навечер, бидејќи шеќерот почнува да делува во нашиот организам дури по неколку часа.
Така, постои можност да се разбудите во текот на ноќта и да не заспиете повеќе, а наутро да се чувствувате уморни и исцрпени.
А овие намирници се одлични за безгрижен сон:
Мелатонин
Мелатонин е хормонот одговорен за спиењето, па затоа се препорачува да консумирате храна која го содржи пред спиење. Почнете да јадете цреши, семки од тиква (бели семки) и пуканки. Семките се богати и со магнезиум, кој ќе им помогне на вашите мускули да се релаксираат, што доведува до полесно заспивање, додека пуканките се богати со серотонин – хормон кој го регулира циклусот на спиење.
Против ‘рчењето
‘Рчењето никогаш не е добро или пријатно – особено за личноста која спие до вас. Пред спиење јадете цитруси – лимон, грејпфрут, портокал или мандарина, бидејќи се богати со витамин Ц, кој го регулира ‘рчењето. Само направете салата од ова овошје или менувајте го овошјето секој пат и јадете го како здрава вечера/ужина.

Против лошите соништа
Храната што ја јадеме може да влијае на она што го сонуваме. Никој не сака кошмари, а пред спиење јадете храна богата со магнезиум и ќе си обезбедите мирен сон.
За поубави и имагинативни соништа
Интересни, авантуристички соништа се за секого, а за разлика од кошмарите, ние ги сакаме! За подобри соништа, јадете малку сирење за вечера, како и храна богата со витамин Б6. Се препорачуваат банани и туна.