Како да станете КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ: Седум трикови за заведување кои секогаш успеваат

popara4 септември, 20221min00
Ljubavni-par-2

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, однапред сте осудени на неуспех.

Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување.

Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови на кои мажите не можат да одолеат.

1. Контактот со очи не е само главниот знак на вашиот интерес, туку ве прави попривлечни. Истражувањата дури покажуваат дека континуираниот контакт со очи со странец во текот на две минути доведува до зголемено чувство на страст.

2. Допирот за време на флерт има голема моќ. Пријателскиот допир најчесто е на рамото, заводлив околу половината или подлактицата, а особено предизвикува оној на лицето. Само најхрабрите ќе ја тргнат косата од лицето на личноста што ѝ се допаѓа, ќе ѝ тргнат наводно падната трепка и слично…

3. Мажите сакаат предизвик, затоа бидете малку мистериозни и тешко достапни, да го натерате да се труди повеќе. Но, во исто време, продолжете да го покажувате вашиот интерес за него.

4. Колку е посекси, помистичен вашиот глас, толку повеќе имате шанси да го освоите спротивниот пол. Но внимавајте да не звучите вештачки.

5. Позаводлив изглед се добива кога малку ќе ја навалите главата нанапред, така што личноста ќе ја погледнете малку од дното нагоре. Ова создава поженствен изглед што мажите го сакаат.

6. Носете нешто црвено затоа што оваа боја привлекува најмногу внимание и симболизира љубов и страст – црвен кармин, црвен фустан..

7. Покажете доверба. Мажите претпочитаат жени кои се смели и знаат што сакаат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma