Како да чистите садови од леано железо: Со овие две намирници ќе заблескаат како нови

popara4 ноември, 20221min00
liveno-posudje-830x0

Садовите за готвење од леано железо станаа популарни и барани повторно во последниве години. Тенџерињата, вок тавчињата и тавите од леано железо се практично неуништливи, може да се користат и на шпорет, во рерна и на скара, а храната подготвена во нив има одличен вкус.

Сепак, чистењето и одржувањето на ваквите садови може да биде напорно, особено за домаќинките кои никогаш не сретнале тави и тенџериња од специјални материјали.

Основното правило за одржување на лиени садови е забраната за користење на алуминиумска жица. Дури и ако храната се залепи на дното на лиениот сад, никогаш не треба да ја отстранувате со жица или со некој остар предмет.

Најдобро решение е комбинација од вода и оцет во сооднос 1:1, на кои при вриење треба да се додаде една лажица сода бикарбона. Реакцијата на почетокот ќе биде бурна, но храната залепена за лиените садови ќе се одвои, така што само испирање со вода ќе биде доволно за да се исчисти тавата или тенџерето.

Постои уште еден, сосема природен начин за отстранување на остатоците од храна од дното на садовите од леано железо. Посипете слој сол на дното на садот, а потоа истријте го дното со исечен суров компир. Тавчињата и тенџерињата ќе светат како нови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag