Полека се приближуваме до новогодишната ноќ, денот кога се слават новите почетоци, се шири позитивна енергија и позитивни вибрации се во воздухот. За време на новогодишните празници многу луѓе си ја украсуваат куќата, си го уредуваат просторот и го прават што е можно попријатен. Фенг шуи подразбира и одредени правила за уредување и украсување на домот за Нова година, особено кога станува збор за поставување на новогодишната елка.
Фенг шуи совети за уредување на куќата за Нова Година:
1. Исчистете го домот – Пред да влезете во новата година, време е да го исчистите домот од непотребни работи. Куќата треба да биде уредна, без премногу предмети, за да може поволно да циркулира енергијата во домот. Рециклирајте или донирајте сè што повеќе не ве радува, не помага или не ви служи.
2. Направете позитивна атмосфера – Направете поволна атмосфера во домот, запалете свеќи, украсете ја куќата, пуштете музика. Нека сè навестува радост. Новата година е ден кога треба да избегнувате конфликти, важно е да се поврзете со блиски луѓе, да ја покажете вашата љубов и заедно да ги разбудите искрите на романса, среќа и заедништво.
3. Најдобрите подароци – Според фенг шуи, подароците за Нова година треба да бидат поврзани со здравјето. На пример, на саканата личност можете да му подарите членарина за теретана или базен, да им платите масажа или режим на исхрана кај нутриционист. Можете да подарите и облека, нешто меко, убаво и топло. Избегнувајте пари како подарок, подобро е тоа да е знак на внимание од срце кое има значење.
4. Фенг шуи за новогодишната елка – Најдобри бои за украсување на елката за 2023 година се црната, темно сината и светло сината, во согласност со енергијата на црниот воден зајак, во чиј знак следната година е според Кинески хороскоп. Совршени се за избор на облека и за избор на украси за елката. Најдоброто место за поставување на елката според фенг шуи е одредено од тоа што сакате да привлечете:
– Исток за семејна и здравствена среќа
– Југоисток да привлече богатство и среќа за финансиски успех
– Југ поради славата и угледот
Неповолната положба на елката е под скалите, во кујната, како и да се постави елката свртена кон тоалетот. Важно е да проверите дали функционираат светилките на елката. Избегнувајте да ја поставувате елката на таков начин што ќе го попречи патот до излезот од куќата, односно го попречува слободното движење низ домот. Исто така, не претерувајте со украси, одржувајте рамнотежа.