Актерот Патрик Демпси (56) се прослави со улогата на шармантниот доктор Дерек Шепард во една од најпопуларните серии „Вовед во анатомија“.
Улогата на докторот му донесе две номинации за Златен глобус, а на изненадување на многубројните фанови на серијата, тој ја напушти улогата во 11-тата сезона, која беше прикажана во 2014 година.
Уште откога зачекори на холивудската сцена, важи за еден од најубавите актери. Сега се појави на црвениот тепих на премиерата на мјузиклот „Enchanted“ и покажа дека во 9-те години што поминаа од неговата улога во споменатата серија, речиси и не се променил.
Демпси им позираше на фотографите во многу елегантен костум. Носеше црно сако и панталони со кариран дезен, а сето тоа го зачини со сина кошула и мокасини кои ги изнесе на најдобар начин. На црвениот тепих на актерот му се придружи и неговата сопруга Џилијан Финк, позната фризерка и шминкерка.
Парот се запознал на многу интересен начин. Актерот закажал потстрижување во нејзиниот салон, а познанството на крајот се претворило во брак. Тие се венчаа во 1999 година и имаат три деца: ќерката Талула (20) и близнаците Саливан и Дарби (15).