Одговорот на Џиџи Хадид за студениот декември е повеќеслоен.
Џиџи Хадид, која важи за една од најдобро облечените познати личности без која ретко која модна ревија може да помине, неодамна облече необична комбинација на облека.
Макси здолништето е исклучително популарно во текот на целата година, а своето место во модата го најде и во текот на зимата. Манекенката е фотографирана на улиците на Њујорк облечена во вакво здолниште, а се обидела да го усогласи со зимска облека.
Џиџи носи џемпер, шарен кардиган и кожна јакна одозгора, а наместо панталони во оваа комбинација, предност дала на здолниште со шлиц, кое до израз ги донело нејзините кафени чизми.