Како Лејди Гага ги налути христијаните на Велигден со песна за Исус и Јуда (ВИДЕО)

popara25 април, 20221min00
Screenshot_8

Три години по почетокот на нејзината кариера, Лејди Гага го објави контроверзниот и провокативен сингл наречен „Judas“ (Јуда), ден пред католичкиот Велигден, што го налути огромното мнозинство христијани.

 

„Ова веќе го видовме, Гага ја имитира Мадона и ја провоцира Католичката црква и нејзините верници објавувајќи го ова видео на Велигден. Меѓутоа, кај неа тоа не е само обичен уметнички израз, таа мора да истакне и контроверзен политички коментар, објавувајќи го баш на Велигден“, изјави за „ABC“ Бил Донхоу, тогашниот претседател на Римокатоличката црква во САД.

Во видеото објавено еден ден пред католичкиот Велигден во 2011 година, Гага ја имитираше Марија Магдалена – една од библиските придружници на Исус. Како што тогаш изјавила, текстот за песната и го кажал „Господ во сон“.

Лориан Гибсон, еден од креативните директори и продуценти на видеото, тогаш за „ABC“ изјави дека видеото немало намера да навреди никого.

„Тоа е едноставно нејзин уметнички израз. Таа сакаше да го привлече вниманието на луѓето дека има многу за што треба да биде благодарна. Разговаравме една вечер за време на снимањето и Гага ми рече дека е религиозна и дека не сака никого да навреди“, рече тогаш Гибсон.

Гага изјавила дека видеото е метафора.

„Со ова видео немав намера да искажам никаков религиозен став. Јас го гледам повеќе како израз на порака наменета за општеството, како културна изјава. Тоа е метафора, а не лекција од Библијата“, рече таа тогаш веднаш откако видеото излезе во јавноста.

Сепак, некои верски здруженија во САД побараа песната да се избрише од Јутјуб, а пред почетокот на нејзиниот концерт следната година беа организирани неколку големи протести.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag