КАКО МОМЧЕ БЕШЕ ОМИЛЕНА И НАЈПЛАТЕНА ЅВЕЗДА: Денес се посвети на религијата и не личи на себе, додека луѓето „се молат за него“

popara23 октомври, 20221min00
301181_profimedia0098990445_ls

Момчето од серијата „Два и пол мажи“ денес е непрепознатливо, се сврте кон религијата, а не ја поднесува серијата која го прослави.

Ангус Џонс се прослави со актерската улога во познатата серија „Два и пол мажи“, каде ја толкуваше улогата на Џејк Харпер. Со улогата на дете кое живее со својот татко и вујко, тој ги насмеа гледачите на малите екрани и ја одбележа оваа легендарна серија.

Во 2012 година, на изненадување на многумина, актерот го напушти снимањето на серијата, денес има 28 години и е речиси непрепознатлив.

Angus Džons u seriji 'Dva i po muškarca'

Интересно е и тоа што тој ја нарече серијата „гнасотија“, а според неговото објаснување, денес строго се придржува до религиозните принципи кои не одговараат на она што го промовираше серијата и ги повика сите свои фанови да престанат да ја гледаат.

„Глумев во таа серија, но сега не сакам повеќе да бидам дел од неа. Ве молам престанете да ја гледате и да ја полните главата со ѓубре. Да знаете какви ефекти има таа врз вашиот мозок, верувајте ми ќе престанете да ја гледате веднаш“, објасни тој.

Ангус целосно го промени својот начин на живот со тоа што се приклучи на црквата и религијата. А неговата мисија е да ја искористи својата слава за да влијае на луѓето со цел да им ги пренесе своите религиозни убедувања и да ги подготви за второто доаѓање на Исус Христос.

Еден пријател близок до неговото семејство еднаш рекол дека младиот актер се приклучил на црквата затоа што не сакал да заврши како Чарли Шин, додека свештеникот Кристофер Хадсон од христијанската служба „Forerunner Chronicles“ изјавил за „Дејли мејл“ дека не се обидувал да го „испере мозокот“ на ѕвездата, како што се сомневала неговата мајка Кери.

Angus Džons

Во екот на славата, актерот имаше одлична плата, додека беше еден од најплатените деца ѕвезди. Добивал и по 300.000 долари неделно за својот ангажман.

И покрај се, актерот верува дека повторно ќе се врати на актерството, но под посебни услови, кои вклучуваат почитување на верските принципи.

Луѓето на социјалните мрежи покажуваат грижа за младиот актер и масовно ги коментираат неговите фотографии.

„Се надевам дека не е дрога, тој беше прекрасен актер. Се молиме за него“, „Беше многу талентиран, што се случи со него?“, „Каде отиде тоа слатко момче?“, се само дел од коментарите. од тие засегнати обожаватели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma