Мадона веќе некое време шокира со прекумерната употреба на фотошоп, но се чини дека сè уште не научила да го користи.
Кралицата на попот низ својата кариера научи како да го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Таа пееше хитови кои ги обожаваат милиони, но во последно време е во фокусот поради нејзиниот изглед.
Мадона има 63 години и иако се залага жените да бидат свои, таа често се фотошопира до непрепознатливост.
Тука посебно мислиме на лицето, па често изгледа како да е во дваесеттите, а не во седмата деценија. Меѓутоа, често и се случува да не ги фотошопира рацете, кои потоа за миг ја откриваат нејзината возраст.
Има и ботокс и филери кои целосно го променија нејзиното секогаш посебно лице, па често ја споредуваат со вонземјанка.
Сепак, најизненадувачката и најголемата иронија е нејзината зависност од пластични операции бидејќи порано им беше жесток противник. „Никогаш не би подлегнал на естетска операција. Ми се гади од самата помисла некој да те заспие, а потоа да те нападне со нож за да те разубави. Мојот изглед им го должам на гените и здравиот начин на живот“, истакна таа пред три години, а сега сите можеме само убаво да се насмееме.
Во галеријата погледнете како нејзините раце ја откриваат нејзината возраст.