Водителката, ријалити ѕвезда и поранешен модел Кели Бенсимон неодамна беше фатена на плажа во Мајами, а оваа дама докажа дека и денес на 54-годишна возраст има совршена манекенска фигура.
Таа парадираше на плажа во минијатурно црно бикини, со широка насмевка на лицето, покажувајќи го затегнатото тело како под конец, со извајани стомаци и целосно рамен стомак и долги вретенести нозе.
54-годишничката го комплетираше морскиот аутфит со сребрени прстени и неуредна фризура и многу малку шминка на лицето и навистина остава одличен впечаток. Кели често е пофалена во медиумите, со оглед на тоа дека е една од ретките познати дами кои можат да се пофалат дека ваквата згодна фигура не ја должи на третмани или естетски корекции, туку исклучиво на генетиката и вредното вежбање.
Погледнете ги нејзините фотографии во нашата галерија: