Како правилно да ги перете џемперите: Со овие совети вашите омилени зимски парчиња ќе траат подолго

popara8 ноември, 20221min00
shutterstock1336315577-830x0

За да спречите ширење на џемперите, промена на формата или избледување, треба да ги одржувате и перете според одредени правила

Официјално е време за топли и меки џемпери кои не штитат од студот. За вашите џемпери да останат толку меки и да траат долго, треба правилно да ги перете.

Џемперите од волна, акрил, памук, па дури и кашмир можете да ги перете дома. Само облеката на која пишува „dry clean“ треба да се исчисти хемиско.

Што се однесува до материјалите, памучните џемпери треба да се перат по најмногу две до три носења, додека поиздржливите материјали, како волната или отпорните синтетички мешавини, може да се носат до пет пати. Не треба да ги перете џемперите секогаш кога ги носите, а доколку сакате да го продолжите времето помеѓу миењето, најдобро е да носите поткошула.

Без разлика на начинот на миење на џемперот, задолжително е доколку има дамки на него да се отстранат пред перењето. Секогаш е препорачливо да ги следите упатствата за перење на етикетата, иако најдобра опција е да ги миете рачно.

Во овој случај користете благ прашак и ладна вода, бидејќи волната се собира на високи температури. Никогаш не ги цедете џемперите по миењето, туку ставете ги на крпа за да го впие вишокот вода.

Џемперите не треба да се перат во машина, но доколку морате, внимавајте на овие работи. Имено, се препорачува користење мрежички или кеси за перење чувствителни алишта. Пожелно е да користите детергент за џемпери и да го поставите миењето на најниска температура.

Поставете ја машината на помала брзина и не заборавајте да ја исклучите центрифугата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma