Еве како да го направите најдобриот помфрит или крофни
Колку пати сте сакале само да спржите компири, а не ви испаднале ни блиску до она што сте го очекувале?
Не само што треба да имате добра тава, туку треба да ги знаете и малите трикови кои ќе ви помогнат секој пат да добиете совршено крцкава кора.
Еве неколку правила кои ќе ви помогнат кога станува збор за пржење храна:
Наместо тавче користете длабоко тенџере, но не смее да биде од челик, леано железо или калај, бидејќи поради високата температура калајот може да се стопи и оксидира. Исто така, важно е масло да ставите до половина од тенџерето, а никако повеќе.
Кога ставате крофни или лигњи обемот ќе се зголеми и постои можност за прскање. Односот помеѓу тежината на маслото и тежината на ставениот производ треба да биде најмалку 4: 1.
Пред да започнете со пржење, проверете дали маслото е доволно топло. Ако не, тестото ќе се натопи во незагреано масло кое ќе му го промени вкусот и по подготовката ќе остане или мрсно или суво. Освен што мора да се загрее доволно, не смеете да дозволите маслото да се прегрее, бидејќи тогаш ги губи хранливите својства, а пржениот производ останува сиров одвнатре поради високата температура.
Кога ќе се постигне потребната температура за пржење, оставете го производот да „плива“ во садот. При пржење во длабоко масло, маснотиите го обвиткуваат производот рамномерно од сите страни, па затоа не е потребно да го вртите.
Пожелно е откако ќе го извадите да го оставите на крпа за да се исцедат вишокот маснотии од него.