Модните дизајнери за пролет/лето 2022 одамна најавија: „sexy is back“! По бескрајните месеци поминати во хеланки и тренерки, модните куќи заклучија дека е крајно време да излеземе од нашите школки и да покажеме малку повеќе кожа, па еден од главните трендови во 2022 година е проѕирен.
„Гол фустан“ е во тренд со децении, а светски познатите модничарки како Бијонсе и ненадминатата икона Шер се предводници на овој моден тренд, но сега трендот „naked“ ги вклучи и сите останати парчиња облека, а панталоните брзо добиваат во популарност.
Џиџи Хадид го прослави својот роденден облечена во комплет од тантела од глава до пети со потписот на Дион Ли, а неодамна и Хејли Бибер облече слични панталони низ кои ѕирка кожа од брендот Coperni.
Дека панталоните кријат колку што откриваат се најпосакуваното парче кога сакате да блеснете во вечерно излегување покажа и Рири, која за време на бременоста носеше комплет со светки од брендот The Attico.
Кога станува збор за (полу)проѕирни панталони, опциите се речиси неограничени: во актуелната понуда на модни брендови можете да најдете тантела и мрежа, извезени со светки или со необични принтови со принт кои можете да ги носите на вечерните излегувања во комбинација со „matching блузи или тренди долни кошули a la Hailey. Но, проѕирните панталони не се ограничени само на ноќните забави: пошироките се носат и во дневните комбинации, особено на прошетките покрај брегот, кога ќе изгледаат одлично со обична маичка или преголема бела кошула.