Многу луѓе не можат ни да го замислат почетокот на работниот ден без шолја од омилениот пијалок – кафето.
Иако науката докажала дека има бројни здравствени придобивки од консумирањето кафе, тоа има и негативни ефекти врз здравјето на кожата.
Овој пијалок е полн со киселини кои во комбинација со хормони можат да влијаат на изгледот на кожата. Киселиот кофеин заедно со хормонот на стрес доведува до зголемена маснотија на кожата. Од друга страна, предизвикува дехидрација на организмот бидејќи делува како диуретик и го поттикнува мокрењето, а тоа се одразува со дехидрација на кожата поради што таа станува сува.
За да го испитаат ефектот на кофеинот врз кожата, научниците спровеле студија во која учесниците пиеле 3 до 3 шолји кафе дневно. Станува збор за учесници кои имале проблем со акните. Истражувањето траело 21 ден, колку време е потребно една акција да стане навика.
Потоа, учесниците добија задача целосно да го исклучат кофеинот. Резултатите покажале дека првите неколку дена се чувствувале тромо, но дека нивните тела многу брзо се адаптирале, објаснуваат експертите.
Кога станува збор за ефектот на кожата, првата недела не забележале никакви промени, но веќе кон средината на втората и третата недела, зголемените пори значително се намалиле, а акните почнале да се повлекуваат. Учесниците исто така изјавиле дека имаат подобар сон и дека и покрај кофеинот, имаат доволно енергија за секојдневните активности.