Коцките Нанаимо доаѓаат од истоимениот град во канадска Британска Колумбија. Ви пренесуваме класичен рецепт за коцки Нанаимо, кои важат за традиционална канадска торта и како такви се познати низ целиот свет …
Долниот слој
• 1/2 шолја несолен путер (125 ml)
• 1/4 чаша шеќер (60 ml)
• 5 лажици какао (75 ml)
• 1 јајце
• 1 и 3/4 шолји мелени бисквити (415 ml)
• 1/2 шолја ситно сечкани бадеми (125 ml)
• 1 шолја кокос (250 ml)
Во сад потопен во зовриена вода растопете ги првите три состојки. Додадете јајце и промешајте да се свари и згусне. Тргнете го од оган. Измешајте ги бисквитите, кокосот и бадемите. Цврсто притиснете го бисквитот во неподмачкан калап со димензии 20 x 20 cm.
Втор слој
• 1/2 шолја несолен путер (125 ml)
• 2 лажици и 2 лажички павлака (40 ml)
• 2 лажици прашок за пудинг од ванила (30 ml)
• 2 чаши шеќер во прав (500 ml)
Убаво измешајте ги путерот, павлаката, прашокот за пудинг и шеќерот во прав. Добро изматете ја смесата, па премачкајте ја на долниот слој.
Трет слој
• 4 квадрати полуслатка чоколада (по 30 гр.)
• 2 лажици несолен путер (30 ml)
Чоколадото и путерот растопете ги на тивок оган. Оставете да се излади. Кога е ладно, но сепак течно, прелијте го вториот слој, па изладете ги коцките во фрижидер.