КАНЈЕ ВЕСТ ЗА ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТ СО НОВАТА ДЕВОЈКА: Погледнете како изгледаа на модната недела во Париз (ФОТО)

popara24 јануари, 20221min00
Screenshot_4

„Цел живот сум во врска со милијардери“ – вака новата 13 години помлада девојка на Канје Вест ги коментираше пишувањата дека е со него само заради славата и парите. Канје Вест и Џулија Фокс за првпат се појавија на црвениот тепих во модно усогласени изданија.

 

Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест (44) и неговата новата девојка, актерката Џулија Фокс (31) го привлекоа вниманието на светските медиуми со првото јавно појавување на црвен тепих.

 

Слично како и со Ирина Шајк, првите заеднички фотографии од новиот пар доаѓаат од неговиот омилен град – Париз.

 

Канје и Џулија заедно прошетаа на црвениот тепих на модното шоу на Kenzo за колекцијата есен-зима 2022/2023 година што се одржа во рамки на модната недела во француската престолнина.

 

Парот на црвениот тепих се појави во модно усогласени тексас аутфити.

 

Џулија на себе носеше кратка тексас јакна со конусни градници, кои беа главно обележје на поп-кралицата Мадона во 90-тите години, дизајнирани од Jean Paul Gaultier.

 

Канје и Џулија на рацете носеа црни ракавици, а поранешниот сопруг на Ким Кардашијан остави впечаток со високите црни чизми.

 

Ова е прво јавно појавување на парот во јавност, а таа пред само неколку дена јавно изјави дека не е со раперот поради неговите пари.

kanye-west-julia-fox-nova-devojka-0655646910
kanye-west-julia-fox-nova-devojka-0655647009
kanye-west-julia-fox-nova-devojka-0655649982

„Луѓето велат: ’Ти си со него само заради славата, само заради неговото влијание или за парите‘. Јас сум во врска со милијардери целиот мој живот, да бидеме реални.

 

Смешно е што ми посветувате толку големо внимание, а мене воопшто не ми е грижа“ – вели таа и додава дека е многу повеќе фокусирана на создавање уметност.

 

„Погледнете некој мој филм, прочитајте ја мојата книга, тоа повеќе ме возбудува, отколку кога сите очи се насочени кон мене“ – рече таа.

 

Џулија Фокс и Канје почнаа да се гледаат на почетокот на овој месец. Таа претходно беше во брак со пилот на приватни авиони Питер Артемиев, со кого има еден син Валентино (1).

 

За потсетување, Канје беше во брак со Ким Кардашијан со која има четири деца, а ова е негова прва посериозна врска по бракот со ријалити ѕвездата, откако претходно во повеќе наврати беше забележан со значително помлади девојки од него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma