Раперот не престанува јавно да изнесува детали од врската со Кардашијан
Раперот Канје Вест (44) наводно моли за прошка од поранешната сопруга Ким Кардашијан (41), откако во последните неколку дена ги изнесоа „валканите алишта“ од врската.
Сепак, драмата меѓу поранешната вљубена двојка не стивнува. Канје на социјалната мрежа Инстаграм објави колаж од семејни фотографии по низата обвинувања за мајката на неговите деца.
„Боже, обедини го нашето семејство“, гласи описот под објавата на Канје, а многумина веруваат дека на тој начин Канје ја моли Ким за прошка.
Некои од следбениците на раперот ја поддржаа неговата постапка, а други сепак велат дека тоа се приватни работи кои не треба да се решаваат на социјалните мрежи.
Инаку, Ким и Канје со денови се караа на мрежите, а Вест ја користи секоја прилика да ја нападне поранешната сопруга. Раперот по разводот не успева да ја прифати новонастанатата ситуација, па неодамна му се закани на нејзиниот нов партнер, комичарот Пит Дејвидсон.
Канје јавно се пожали дека Ким и дозволила на нивната ќерка да користи TikTok без негово знаење и ги праша своите следбеници како да ја реши оваа ситуација, а потоа ја обвини својата поранешна сопруга дека се обидела да ја киднапира нивната ќерка.