Раперката Карди Би (29) ја признала вината за две кривични дела кои прозилегуваат од тепачка во стриптиз клуб, за да избегне судење и затвор – пренесува BBC.
Таа е осудена на 15 дена друштвена корисна работа, додека десет други обвиненија против неа биле отфрлени.
„Во минатото сум донела некои лоши одлуки со кои не се плашам да се соочам и да ги признаам – рекла таа во изјавата“.
На судот признала дека дека организирала и учествувала во ва напади на врабоени во ноќниот клуб „Angels“ во Њујорк во 2018 година.
Инцидентите се од минатото, односно од кавга помеѓу Карди и две сестра, а за една од нив верувала дека била во врска со нејзиниот сопруг, раперот Офест (30).
Тужителите рекле дека првата ноќ Карди и нејзиното обезбедување ја удриле жртвата, келнерка, ја скубеле за коса, ја удирале и ја удирале главата во барот. Две недели подоцна се вратиле и фрлале по сестрата на жртвата со флаши и наргиле.
Замолена да ги потврди деталите на суд, Карди тоа го направила тивко, признавајќи дека преку Инстаграм понудила 5.000 долари на пријателка за да и помогне во инцидентот.