Карди Би и Офсет конечно го открија името на нивниот син седум месеци по неговото раѓање.
Карди Би ја сподели првата слика од синчето на Инстаграм, а парот објави дека се вика Вејв Сет Цефус. Малиот Вејв Сет се роди во септември минатата година, а раперите до вчера го криеја неговото име и идентитет. Карди на Твитер открила дека името Вејв било идеја на нејзиниот сопруг и дека предлогот веднаш ѝ се допаднал.
Семејството позираше за насловната страница на магазинот Essence, а покрај нивните две деца Кутлуере и Вејв, се фотографираа и со децата кои Офсет ги добил во претходните врски.
Офсет, со вистинско име Киари Кендрел Цефус, покрај децата со Карди, ги има и ќерката Кале (7) и синовите Коди (7) и Џордан (12).