Своите бујни гради ги покри само со косата, носи само патики, но не какви било
Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил објави видео во кое позира целосно гола и повторно успеа да привлече големо внимание.
Во преден план секако беше нејзината заносна фигура и облините кои го „красат“ нејзиното тело, но внимание привлече уште еден детаљ.
Имено, поп дивата најпрво објави фотографија на која лежи на подот целосно гола, бујното деколте го покри само со косата, носеше само патики, но не какви било.
Станува збор за модел на патики креирани за Адидас од раперот Канје Вест, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан. Сето ова можеби немаше да биде толку чудно доколку Канје не ја заследеше Карлеуша на Инстаграм токму вчера.
Инаку, се работи за модел на патики YEEZY Boost 450, во боја „Colude white“, чија цена е околу 261 евро или 30.576 динари.
Во галеријата подолу погледнете го изданието на голата Карлеуша во патиките креирани од Канје.