КЕЈТ СЕ КОЛНЕ ВО ОВОЈ МОДЕЛ: Ги истакнува струкот и колковите, во него секоја жена изгледа како да е од СИНА КРВ! (ФОТО)

popara12 мај, 20221min00
278637_profimedia0690128807_ls

Кејт Мидлтон денеска го посети Манчестер во друштво на принцот Вилијам за да им оддаде почит на жртвите од терористичките напади во Меморијалниот центар „Glade of Light“, па и овој пат војвотката беше совршено стилизирана.

Убавата Британка е секогаш облечена во согласност со пригодата, па ретко е да ја видите лошо или неадекватно стилизирана. Обично игра на сигурно, а ужива и во рециклирање на стари парчиња, поради што и го доби прекарот „штедлива војвотка“.

Денес, Кејт избра капут-фустан од брендот Мајкл Корс од нивната колекција за 2014 година, а ова парче е изработено од фин, раскошен материјал во сиво-сина боја и е украсен со ласкав, женствен крој, темни копчиња и џебови околу половината.

Kejt Midlton

Интересно е што Кејт веќе неколку пати го носеше ова парче, а очигледно неговата елеганција и практичност го прават омилен во нејзината гардероба.

40-годишната девојка обожава фустани од ваков тип и најмногу ги носи, а овој го надополни со темносина, кожна чанта од брендот „Polena“ и превртени кожни салонки во иста боја.

Kejt Midlton

Таа избра дискретен, но многу убав накит – обетки во форма на пчелино саќе и златно ланче со привезок од сафир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma