Колачот со банани и крем од ванила брзо се подготвува, не се пече и готов е за 20 минути!
Неодоливо кремаста и воздушета торта за која не ви се потребни посебни кулинарски вештини да ја направите, а ќе ги воодушеви и најпребирливите.
Состојки:
– 1 и 2/3 шолја мелени бисквити – 1/4 шолја шеќер – 1/2 шолја стопен путер – 2/3 шолја шеќер – 1/3 чаша брашно – прстофат сол – две чаши млеко – 3 изматени жолчки – една и пол лажички екстракт од ванила – 500 грама крем сирење на собна температура – 4 исечени банани
Екстра:
– Шлаг и дополнително сечкани банани
Подготовка:
Во поголем сад додадете ги бисквитите и 1/4 чаша шеќер и убаво измешајте. Додадете го путерот и повторно добро измешајте, па ставете во калап за колачи или пита и притиснете.
За да направите крем од ванила, изматете 2/3 чаша шеќер со брашно и сол во тенџере, па полека додадете го млекото во кое претходно сте ја изматиле жолчката за да се изедначи смесата, па варете на тивок оган додека не се згусне.
Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете го екстрактот од ванила. Крем сирењето изматете го убаво да биде мазно и кремасто, па додадете го во кремот и убаво измешајте.
Покријте ја основата со малку сечкани банани, истурете малку крем и така додека не се потроши. Конечниот слој треба да биде крем. За подготовка ќе ви требаат дваесетина минути.
Колачот треба да се чува во фрижидер за да биде совршен за јадење. Можете да го оставите во фрижидер неколку часа, па дури и преку ноќ. Послужете со сечкани банани и шлаг.