Кендал Џенер сака да експериментира
Кендал Џенер е лицето кое ги краси модните писти на најпознатите светски модни дизајнери. Приватно негува опуштен изглед, со многу малку шминка и стајлинг кој ѝ прилега на една млада девојка.
Манекенката сега ужива на одмор со своето момче Девин Букер со кој неодамна се врати во врска по кратка пауза. Кендал обожава интересни модни комбинации, а за најновиот стајлинг на плажа избра шарен дизајн од модната куќа „Версаче“.
Комбинацијата на бои е невообичаена, а фустанот оди со соодветните костими за капење. Интересно е што Кендал не го избрала минималното бикини кое е толку популарно летово, а долниот дел го следи моделот со висок струк со женско лице со цвет зад увото.
За каков модел станува збор погледнете ТУКА