Кендал Џенер избра цветен принт и сатен
Кортни Кардашијан викендов се омажи за Тревис Баркер. Парот имаше романтична венчавка во Италија, во бајковитото Портофино, на која присуствуваше целото семејство Кардашијан, но и бројни други познати личности.
Свадбата на реалити ѕвездата беше вистинско модно богатство. Најмногу доминираа винтиџ моделите со корсети, цветови и сатенски фустани.
Невестата носеше интересна мини венчаница со потпис на познатиот бренд Долче и Габана, а големо внимание привлече и нејзината помлада сестра, позната манекенка Кендал Џенер.
Кендал се одлучи за тесен фустан до подот, со розова пудра боја и цветен дезен, од брендот што го избра и нејзината сестра Кортни. Интересно е што овој фустан припаѓа на колекцијата есен/зима од 1998 година.
Манекенката сака да експериментира, но овој пат се одлучи за романтичен фустан. Ја подигна косата во разбушавена пунџа, со пуштени шишки кои и го врамуваа лицето.
На патот кон свадбената церемонија, направено е интересно видео од Кендал како се мачи со фустанот додека се качува по скалите, а се’ забележала нејзината помлада сестра Кајли. Видеото може да го погледнете ОВДЕ.