
Манекенката Кендал Џенер и кошаркарот Девин Букер веќе раскинаа еднаш ова лето, а потоа се смирија. Сепак, според странските медиуми, сега дефинитивно одлучиле дека е готово.
Поради премногу обврски, тие пред еден месец ѝ ставиле точка на љубовта, велат извори за E!News, но се уште не објавиле дека се разделуваат. Ова често им се случуваше и во изминатата година.
Тие беа на официјална пауза во јуни, но набрзо успеаја да ја поправат врската.
Овој пат, тврди локалниот печат, дефинитивно е крајот.
Да потсетиме, Кендал и Девин почнаа да се гледаат во 2020 година и тоа лето веќе патуваа заедно.
Овој септември тие беа видени заедно во Њујорк, а подоцна во октомври убавицата го поздрави спортистот на социјалните мрежи по повод неговиот роденден. Со оглед на тоа дека тие веќе не се пар, јавноста смета дека меѓу нив сигурно нема никаква зла крв.
По раскинувањето, максимално се фокусирани на работата, но Кендал е видена со нејзината сестра Кајли и пријателката Хејли Бибер на концертот на нејзиното поранешно момче Хари Стајлс во Лос Анџелес.
Тие беа снимени за социјалните мрежи како ја пеат неговата песна „Adore you“. Стајлс, инаку, моментално ги полни насловните страници поради раскинувањето со Оливија Вајлд.