Кери Бредшо во идеална есенска комбинација: Секое парче облека е приказна за себе

popara4 ноември, 20221min00
profimedia-0735028467-830x0

Кон крајот на септември годинава започна снимањето на втората сезона на „And Just Like That“, односно продолжението на серијата „Сексот и градот“. Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер, е позната како најдобро облечениот лик во серијата, а фановите возбудено чекаа да ги видат новите комбинации.

За Кери Бредшо, беспрекорните модни комбинации не се ништо ново, напротив, тие се нејзин заштитен знак.

Актерката за вчерашното снимање носеше идеална есенска комбинација која многу жени ширум светот ќе ја посакаат за себе. Имено, таа облече лелеава шарена тоалета над која носеше карирано тробојно палто.

Таа носеше сини чизми кои се прицврстуваат по должината на ногата, а мала виолетова Диор чанта го комплетираше целиот стајлинг.

Од модни додатоци донесе капа која одлично се вклопува со целата есенска комбинација и очила за сонце, а од накит имаше и многу ефектно ланче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag