Кејт Мидлтон никогаш не би смеела да облече ВАКВА МАИЦА: Меган Маркл не престанува да ја интригира јавноста

popara20 октомври, 20221min00
347161_meganmarkl_ff

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, е позната по честите говори и искажување на своите ставови, а на последниот собир посветен на поддршката на жените, особено во Иран, Меган зборуваше за нејзиниот подкаст Архетипови.

Една од темите за кои зборуваше војвотката беше актуелната ситуација во Иран и борбата на жените за права. Сето тоа беше поттикнато од неодамнешното убиство на девојка чија коса се гледала под нејзиниот хиџаб.

Меган јасно го изрази својот став со изборот на облека. Таа донесе специјално дизајнирана маица со натпис на ирански јазик, фарси, на која пишува „Жени. Живот. Слобода“.

Инаку, доколку Меган сè уште беше дел од кралското семејство, немаше да може да носи ваква маица бидејќи на членовите изречно им е забрането на таков начин да го кажат своето мислење. Според традицијата, сите членови на кралското семејство се обврзани на ниту еден начин да не се изразуваат за актуелните прашања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma