Тешко го поднела тоа.
Според книгата „Making of a Royal Romance“ од Кејти Никол, Кејт Мидлтон се подготвувала да ги помине новогодишните празници во 2006 година со принцот Вилијам и нејзиното семејство, но се вознемирила кога еден телефонски повик променил сè, пишува „Mirror“.
Пред да се венчаат, војводата и војвотката од Кембриџ планирале заедно да ја дочекаат Новата година. Како и обично, принцот Вилијам го поминал Божиќ со кралското семејство во Сандрингем, по што планирал да отпатува за да ја дочека Новата година со Кејт и нејзиното семејство. Но, Кејт останала во солзи кога Вилијам во последен момент ги откажал плановите и почнал да се плаши за иднината на нивната врска.
Никол во книгата наведува дека Вилијам и ветил на Кејт дека ќе ѝ се придружи на неа и нејзиното семејство, но наместо тоа решил да остане со семејството и ја известил по телефон.
“Вилијам се предомисли и седна со татко му и баба му искрено да разговараат за неговата иднина со Кејт. Двајцата го советуваа да не брза со ништо”, напишала таа.
Неколку недели подоцна, во 2007 година, Кејт и Вилијам накратко раскинаа, а извори подоцна открија дека кралицата Елизабета била разочарана од овој потег.
Кејт и Вилијам го расчистија недоразбирањето и се смирија. Наскоро почнаа да живеат заедно во Кларенс Хаус, а останатото е историја.
Кејт и Вилијам го поминаа Божиќ оваа година во нивната селска куќа во Анмер Хол со нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.