Убавата актерка покажа како изгледа нејзината утринска рутина
Холивудската актерка Кејт Хадсон објави фотографија на социјалните мрежи која собра речиси половина милион лајкови, но на нејзиниот брат Оливер тоа не му се допадна.
Имено, Кејт на својот Инстаграм профил објави фотографија на која нема градник, а нејзиното голо тело го покриваше само косата која и паѓаше на градите.
– Сонцето изгреа – напиша таа во описот на фотографијата со емотикон од шолја кафе.
Покрај тоа што е топлес, таа ја покажа и својата завидна фигура и издлабени мускули кои им се допаднаа на сите освен нејзиниот брат Оливер.
Во коментарите напиша само „не“ со што јасно стави до знаење дека не го одобрува нејзиниот потег.
Да потсетиме, Оливер и две години помладата Кејт се исклучително блиски, а заедно поминуваат низ бројни животни ситуации. Годишните одмори најчесто ги поминуваат заедно со своите малечки кои исто така се неразделни.