
Ким Кардашијан повеќе од една деценија е најпознатата старлета во светот, за што многу ѝ помогнаа нејзината семејна програма, бизнисите, скандалите, аферите, љубовните врски и бракови, како и уникатните облини и провокативниот изглед и флертување со медиумите.
Меѓутоа, во едно од нејзините последни интервјуа, навраќајќи се на својата кариера и непрестајната популарност, Ким без никаква суета ја припишува својата популарност на нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест.
– Мислам, кога бев со Канје тој ме запозна со многу луѓе. Мислам дека тоа дефинитивно направи многу луѓе да имаат различни нивоа на почит, рече Ким, пренесува E news.
Секако, таа си признава и за тоа каде е денес.
– Исто така, во последно време само го правам тоа што сакам и станувам јас, одам на правен факултет, а луѓето сето тоа го гледаат и почитуваат – продолжи таа.
– Има нивоа во тоа.
И за сите оние кои сè уште се прашуваат зошто е позната – вклучувајќи ги и луѓето кои ја обвинија дека нема талент – Ким исто така има порака.
– Да, луѓето го кажаа тоа, а јас прашав: „Дали да бидам циркуско животно?
На крајот на краиштата, Ким води империја, посетува правен факултет и започнува нов подкаст.

– Мислам дека тоа произлезе од луѓето кои велат: „По што си позната? И јас реков: „Па, имаме ТВ-шоу“. Но, само затоа што не пееме, танцуваме и не глумиме во шоуто, не значи дека славата не потекнува од тоа. Не е лошо за девојка без талент, бидејќи луѓето порано беа „во стил“: „Па, што правиш? Кој е твојот талент?“ И јас им реков дека ‘не знаев дека ми треба’ – рече таа со иронија.
Сепак, Ким од друга страна наброја дел од нејзините вештини.
– Мислам, можам да ви дадам милион таленти. Можам добро да готвам, да ги користам прстите на нозете за се. Би можела да го кажам најчудното „ти е*ам“ на планетава – на шега рече таа.
– Но, мислам дека мојот талент е маркетингот и бизнисот кој стои зад продажбата на производите и откривањето што сака клиентот, како и да се чувствуваат достижно, но и донекаде недостижно во исто време. Не би рекла дека е талент. Мислам дека тоа е малку магија и деловна острина. Можеби е талент, не знам – изјавила Кардашијан.