Ким Кардашијан конечно се разведе од Канје Вест: Од денес е официјално слободна

popara3 март, 20221min00
tan2021-2-192151174600-830x0

Најпознатата старлета Ким Кардашијан денеска и официјално стана слободна, откако судија во Лос Анџелес стави крај на разводот со раперот Канје Вест со кој помина цели осум години во брак.

Кардашијан на суд се појави виртуелно, додека Вест го застапуваше само неговиот адвокат, кој немаше никаков приговор за разводот.

Во последниве недели, Канје се бори со разводот на различни начини, вклучувајќи ги и објавите на социјалните мрежи во кои бара Ким да се смири со него.

Риалити ѕвездата поднесе барање за развод минатата година по неколкумесечни медиумски наслови за брачни кавги.

– Навистина сакам развод. Го замолив Канје да го чува во тајност нашиот развод, но тој не го стори тоа – напишала Кардашијан во изјавата поднесена до судот минатата недела.

Двојката има четири деца: осумгодишната ќерка Норт, синот Сент, ќерката Чикаго и двегодишниот син Псалм.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma