Таа конечно зборуваше за сè
Старлетата Ким Кардашијан и раперот Канје Вест неодамна официјално се разведоа, а таа сега јавно проговори за сето тоа.
– Сакате да бидете поголем човек, а понекогаш е тешко. Секогаш го поддржував Канје кога ја кажуваше вистината – изјави таа во емисијата „Good Morning, America“.
Канје преку Инстаграм постојано ја прозива бившата, давајќи детали за бракот, децата и проблемите, а таа тврди дека на секој начин се трудела да го спречи тоа.
– Јас сум искрена и отворена со нив. Помладите не разбираат толку, но што се однесува до постарите, тие знаат се. Мора да бидете тука за нив. Без разлика на се, дури и со лудиот живот што го водиме, мора да имате искрен дијалог со децата – истакна Ким.
– Најважно ми е децата да се среќни, здрави и горди на својот татко – нагласи старлетата и рече дека со Канје секојдневно разговара поради децата, и дека секогаш ќе го смета за дел од семејството.