Ким Катрал ги отвори сите карти: За „Сексот и градот“, односот со колешките, новата серија…

popara6 мај, 20221min00
profimedia-0582429277-830x0

Таа откри дали повторно ќе ја глуми Самта Џонс

Ким Катрал, популарната Саманта Џонс, откри дека никогаш не била побарана да биде дел од новата верзија на „Сексот и градот“, серијата „И баш така…“. Таа била скршена и поради заплетот кој требал да стане трет филм, а во кој се планирало Саманта да добие несакани „фотографии од машкиот полов орган“ од Брејди, 14-годишниот син на Миранда Хобс. На крајот се доведе до тоа Ким да го одбие проектот, пишува „Дејли мејл“.

– Никогаш не ме побараа да бидам дел од нов проект. Јасно ги искажав чувствата по можниот трет филм, па дознав за серијата како и сите други – на социјалните мрежи – изјавила 65-годишната актерка за „Варајети“.

Ким рече дека повеќе би и се допаднала идејата Саманта да биде приморана да ја продаде својата ПР компанија на „некој тип во дуксер“ поради финансиската криза во 2008 година.

– Зошто Саманта, која поседува ПР компанија, не може да ја продаде својата компанија поради финансиски проблеми? Тешка беше 2008 година. Некои луѓе сè уште се опоравуваат. Морала да ја продаде на некој тип во дуксер, па тоа е дилемата што ја има. Мислам, тоа е сценарио кое на некој мој претставник му беше во главата, а јас мислев дека е одлична идеја… Наместо малолетно момче… – изјави актерката.

Кога нејзиниот лик не напредуваше, Ким се откажа од третиот филм.

– Но, исто така, бев подготвена. И токму тоа сакав: да бидам на различни места и да играм различни ликови затоа што сум карактерна актерка – рекла Ким и додала:

– И колку и да беше тешко, и колку и да беше страшно да се стане и да не се биде малтретиран од печатот, фановите или кој било друг – само за да можам (на тимот од „Сексот и градот“) да им кажам “Добро сум”. Јас сум на друг пат во моментов. Беше одлично да се работи со тебе. Толку многу уживав, но продолжив понатаму“, изјави актерката.

Таа има свое мислење и за серијата „И баш така…“.

– Серијата во суштина е трет филм. Ете толку беше креативно – изјави актерката која призна дека завршила со „Сексот и градот“.

Сепак, таа цени што обожавателите го забележуваат отсуството на нејзиниот лик.

– Дојдов до заклучок дека ова е навистина најголемиот комплимент што можев да го имам како актерка – изјавила Ким која се осврнала на односот со колегите со кои наводно била во конфликт додека ја снимала серијата.

Катрал изјавила дека имале професионален однос, но дека никогаш не ги сметала за пријателки.

– Мислам дека бевме колеги. Моите колеги не ми се пријатели. Беше професионално – изјавила Ким, а потоа изјавила дека никогаш не планира да ја повтори улогата на Саманта Џонс.

– Не. Моќно е да се каже не – рекла Ким.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma