
Вкусните домашни кифлички ги сакаат сите, а можете да ги послужите во разни пригоди
Можете да ги наполните со фил по желба, а одлични се и празни. Ова е рецептот за кифлички без квасец.
Состојки:
- 300 гр брашно
- 200 гр путер
- половина лажичка сол
Подготовка:
Во брашното додајте коцки омекнат путер, па замесете да добиете ронлива смеса. Додадете сирење и сол и сè замесете за да добиете мазно тесто. Поделете го на 3 дела, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер петнаесетина минути да се стегне малку. После тоа, тестото развлечете го на набрашнета површина. Поделете го на 8 или 12 триаголници, во зависност од тоа колку големи ги сакате кифличките, па секој од нив завиткајте го. Постапката повторете ја со преостанатото тесто. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени 15 до 20 минути или додека кифличките не добијат златно жолта боја.