Одлично пециво кое ќе го правите повторно и повторно
СОСТОЈКИ:
- 200 гр виршли
- 100 гр листови кашкавал
- готово тесто 1 пакување
- 1 жолчка од јајце
Подготовка:
Отстранете ја фолијата од виршлите, развлечете го тестото и исечете го на тесни ленти, 1,5 см, прво завиткајте мал лист кашкавал околу виршлата, па лента тесто.
По желба премачкајте со жолчка.
Се редат во подмачкан плех и се пече на 200 степени околу 30-35 минути, убаво да порумени.
Фантастичен појадок, ужина или вечера.