Киану Ривс се враќа, вооружен со пиштол, меч, секира и многу повеќе додека неговата борба за слобода се сведува на еден единствен дуел во новиот трејлер за Џон Вик: Поглавје 4.
Во овој филм (наведен како најдолгиот досега), титуларниот херој на Ривс добива можност конечно да се ослободи од договорот што му го стави на глава конзорциумот од криминални босови познат како „Висока маса“. Предизвикот (покрај испраќањето на орди атентатори кои веќе го бараат на секој чекор) – е борба еден на еден до смрт со мистериозната фигура позната како Маркиз де Грамонт (го игра Бил Скарсгард).
Пријателот на Вик, Винстон (Иан Мекшејн), ја сумира понудата со едноставни зборови:
– Победи или изгуби, тоа е излезот.
Заплетот за „Џон Вик 4“ е, се разбира, квалитетен, но да бидеме реални, главната работа е акцијата – а новиот трејлер е полн со неа. Тепачки со секири, мечеви, пиштоли, понекогаш мечеви и огнено оружје во исто време, а да не зборуваме за бркотници низ градските улици и пустини со камили.
Заедно со Ривс и Мекшејн, „Џон Вик 4“ носи херои кои ги толкуваат Лоренс Фишбурн и Ленс Редик. На Скарсгард, како новодојденци, му се придружуваат Дони Јен, Кленси Браун, Скот Адкинс, Шамиер Андерсон и — поп-ѕвездата Рина Савајама, која го прави своето филмско деби. „Џон Вик 4“ треба да се појави во кината на 24 март 2023 година.
Погледнете го трејлерот: