КЛУЧЕН ПЕРИОД ЗА ЗАЧНУВАЊЕ БЕБЕ: Научниците открија кога треба да имате секс за да забремените

popara1 декември, 20221min00
676

Едно ново истражување им понуди на паровите совети за тоа кога да имаат секс за да зачнат бебе

Паровите кои се обидуваат да добијат дете по природен пат треба почесто да имаат секс за време на овулацијата, велат научниците. Имено, едно ново истражување од болница во Шангај им понуди одлични совети на сите парови кои се обидуваат да добијат бебе.

Врз основа на истражувањето, било откриено дека спермата три часа откако мажот ја достигнал кулминацијата е посилна од онаа во првиот круг. Во исто време сперматозоидите пливаат побрзо и има поголеми шанси за оплодување на јајце клетката поради огромниот број на протеини во спермата, пренесува „Daily Mail“.

Употребата на сперма која настанала помалку од 180 минути откако мажот го доживеал последниот оргазам, ја зголемува стапката на успех на ин витро оплодување (вонтелесно оплодување) за една третина.

Д-р Да Ли, кој ги водел истражувачките проекти, вели дека е погрешно мислењето дека на мажите им требаат помеѓу 24 и 36 часа за да ја надополнат својата сперма по ејакулацијата.

„Пред неколку години, на мажите обично им се советуваше да ја ограничат сексуалната активност за да ги зголемат шансите за бременост“, изјави таа за „Mirror“.

„Сега е време за промена на мислењата. Нашите податоци покажуваат дека паровите со релативно нормални параметри треба да имаат чест секс во периодот на овулација“.