Американските психолози и експерти за партнерски односи, Џон и Џуди Готман, кои се во брак 35 години, велат дека по 15 минути разговор со пар, со 94 проценти точност можат да кажат дали ќе опстанат. Тие направиле истражување кое опфатило повеќе од 40.000 парови со проблеми во врската и заклучиле што е најважно за опстанокот на врската или бракот.
Правило број еден
Прифаќање – ова е најважното правило што го зачувува партнерскиот однос. Двајца кои се во врска или брак стануваат поблиски кога разговараат – за се. На пример, ако вашиот партнер чита нешто на својот мобилен телефон и вели: „Ова е интересно“, тој ви покажува дека сака подлабоко да се поврзе со вас. Ако во тој момент му се обратите со зборовите: „Навистина? За што се работи?“, ја прифаќате поканата за поврзување. Со текот на времето, на овој начин вашата врска се развива и зајакнува.
Вежбајте зближување
Се разбира, не е секогаш можно да се прифати поканата за зближување, но обидете се да го направите тоа секогаш кога можете. Готман велат дека паровите кои се заедно најмалку шест години се однесуваат вака 86 проценти од времето. Разведените луѓе се однесуваат вака 33 проценти од времето.
Можете да вежбате зближување со разговор. Одвојте 10 минути секој ден за да разговарате сами со вашиот партнер. Исто како што собирате парички од вашите џебови во каса, собирајте заеднички моменти со текот на времето. Обрнете внимание на повиците на вашиот партнер за поврзување како што се поглед, насмевка, воздишка, барање помош, зборовите „слушни/види го ова“, повикување од другата соба. Психолозите тврдат дека ова правило ќе ви помогне да се зближите и да ја подобрите врската, без разлика дали сте на почеток на врска или сте во брак 50 години.