КОГА Е ВРЕМЕ ЗА НОВА КОЗМЕТИКА? Не го игнорирајте РОКОТ НА ТРАЕЊЕ – ова треба редовно да ГО МЕНУВАТЕ!

popara7 септември, 20221min00
586772_sminka5_f

Маскарата, карминот и кремата за сончање мора да се менуваат редовно

Како што внимавате храната што ја јадете да не се расипе, така треба да внимавате и на козметиката што ја ставате на лицето и телото.

Ако не ја промените навреме, може да предизвика некои алергии или иритации.

Маскара

Иако можеби никогаш не би го рекле тоа, маскарата всушност има најкраток рок на траење. Се препорачува да се менува на секои три месеци.

Со оглед на тоа дека е погодна за развој на бактерии, не ја „оживувајте“ со вода или на друг начин доколку се исуши, а исто така не треба да ја позајмувате никому.

Кармин и моливче за усни

Многу дами имаат навика да купуваат различни нијанси на кармин, кои не успеваат да ги износат, па изгледаат како нови и по година и пол.

Меѓутоа, само затоа што изгледаат неискористено не значи дека не треба да ги замените. По година и пол до две, сепак е време за нов кармин или моливче за усни.

Крема за заштита од сонце

Иако рокот на траење на кремите за сончање е обично две и пол години, се препорачува на почетокот на летото да земете нова крема и да добиете сосема нова и посилна заштита.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag