„КОГА ИМАШ 26 ГОДИНИ МОЖЕШ ДА ИГРАШ СРЕДНОШКОЛКА, НО НЕ МОЖЕШ ДА СЕ ЗАБАВУВАШ СО ДИКАПРИО“: Главната шега на доделувањето на „Еми“ наградите

popara13 септември, 20221min00
Screenshot_6

Американските Еми награди се доделуваат за најдобри телевизиски остварувања и се сметаат за еквивалент на престижните Оскари.

 

 

 

На синоќешното доделување на Еми наградите, водителот и комичар Кенан Томпсон се пошегува на сметка на актерот Леонардо ди Каприо за време на неговиот воведен монолог посветен на актерката Зендаја за нејзината улога во „Еуфорија“.

 

Американските Еми награди се доделуваат за најдобри телевизиски остварувања и се сметаат за еквивалент на престижните Оскари.

 

Како и секогаш, Еми наградите се многу интересни, а синоќа освен наградите кои беа доделени, вниманието ни го привлече и „заклучокот“ на комичарот Кенан Томпсон.

Имено, во својот воведен монолог, комичарот ја потсети публиката дека Зендаја минатата недела наполни 26 години и ја искористи приликата да се пошегува на сметка на Леонардо ди Каприо, за кој се шпекулира дека излегува со многу помлади жени, кои главно немаат повеќе од 25 години.

 

„Зендаја наполни 26 години минатата недела, среќен роденден. 26 години е чудна возраст во Холивуд. Доволно си млад за да глумиш средношколец, но премногу си стар за да се забавуваш со Леонардо ди Каприо“, додал водителот.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma