Кога се користи ПРАШОК, течен детергент или капсули? Разликата е голема, еве кој е НАЈЕФИКАСЕН!

popara28 септември, 20221min00
2025_shutterstock-778355935_f

На пазарот има три основни типа – прашок, течност и капсули. Дали некогаш сте се запрашале која би била најдобра за вашите алишта?

Еве ја разликата:

Прашок

Овој тип е најдолго на пазарот и многу луѓе се навикнати да го користат само него, особено постарата популација, па се уште доминира меѓу детергентите. Се верува дека е многу ефикасен за многу извалкани алишта.

Детергентот во прав е посоодветен избор за тврда вода отколку течниот детергент.

Течен детергент

Многумина го избираат овој тип бидејќи веруваат дека е одличен избор за насочено отстранување на дамки. Исто така, течните детергенти често се погодни за перење црни и шарени алишта, а луѓето сакаат нивната облека да ја задржи интензивната боја што е можно подолго.

Повеќето од оние наменети за перење бели алишта се со сина боја бидејќи содржат син пигмент кој придонесува за изветвен изглед на материјалот.

Во капсули

Предноста на капсулите е можноста за многу прецизно дозирање – не можете да ставите премногу или премалку детергент во машината. Најголемиот недостаток на овој вид е неговиот атрактивен изглед кој ги мами децата. Затоа, доколку користите капсули и имате деца, задолжително чувајте ги на место каде што малото не може да стигне.

Се препорачува капсулите да ги ставите во барабанот пред да ги ставите алиштата, бидејќи на овој начин детергентот е најефикасен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma