
Љубомората може да биде многу опасна
Честопати, оние кои страдаат од изливи на љубомора од партнерот, чувствуваат дека тие се виновни за тоа, дека со нешто го повредиле партнерот и затоа тој така изреагирал. Дали некогаш сте се запрашале: Дали имам работа со љубоморен партнер? Дали е ова нормално? Дали има причина за неговата/нејзината љубомора?
Поентата не е дека некогаш ќе се скарате за туѓата љубоморна сцена, туку дека со текот на времето љубоморниот партнер почнува да го контролира (или се обидува да го контролира) другиот партнер.
Еве пет предупредувачки знаци дека можеби имате работа со љубоморен партнер.
- Постојано ви се јавува и проверува каде сте, дури и кога веќе сте му кажале каде одите. Исто така, секогаш сака да знае со кого разговарате.
- Дали се лути поради времето што го поминувате сами или со пријателите? Ако одговорот е потврден, внимавајте бидејќи таков партнер сака да бидете под негов надзор 24 часа дневно.
- Дали му пречи кога разговарате со некого? Ви се јавил колега од работа и тој направил драма? После тоа веројатно ќе ве обвини дека го изневерувате… И покрај тоа што се обидувате да му објасните дека „од мравка прави слон“ и дека нема ништо меѓу вас, дека едноставно сакате да се дружите со луѓе , се чини дека не го сфаќа тоа.
- Љубоморниот партнер секогаш сака да знае кога ќе се вратите дома и ќе се налути ако малку задоцните. Дали се чувствувате како да немате слобода да се однесувате како што сакате и да го правите она што го сакате?
- Ова е многу важно. Дали претура по вашите приватни работи – ги чита вашите мејлови, ги проверува вашите пораки… обидувајќи се да открие каде и со кого одите затоа што не ви верува?
Ако мислите дека вашиот партнер е љубоморен, прво обидете се да разговарате со него и уверете го дека нема причина за тоа.
Ако сепак инсистира и се труди да ви го ограничи животот, активностите, слободата на движење, времето што го поминувате со другите… и самите знаете дека треба да ставите крај на таквата врска. Не треба да бидете во врска во која ќе се откажете од нешто/некој што го сакате само затоа што се плашите од љубоморните сцени на партнерот.