Со доаѓањето на пролетните денови, јакните полека но сигурно стануваат едно од задолжителните модни парчиња. Сепак, една јакна се издвојува – онаа од природна или вештачка кожа.
Ова палто е одлична замена за јакна, а благодарение на различните комбинации на облека, секогаш може да изгледа поинаку.
Можете да го носите со маица и фармерки, со блуза и здолниште, со фустани од секаков крој, со кошула и елегантни панталони …
Судејќи по фотографиите на инфлуенсерите, најпосакуваниот модел на кожена јакна е во црна боја, меѓутоа познатите дами како Ријана и Ким Карадашијан покажаа како се носат во светли и nude бои.
Во галеријата подолу, погледнете некои комбинации кои ги одбраа познатите дами, во кои доминира кожната јакна и го „носи“ комплетниот стајлинг.
Ана Винтур, Криси Тајген, Кендал Џенер, Ким Кардашијан и Ријана докажаа колку овој модел на јакна е погоден за речиси секоја пригода и дека постарите дами можат да го носат исто како што покажа Ана Винтур.
Без разлика дали ја носите со повеќе бои или избирате неутрални нијанси, од традиционални до опуштени и лежерни кроеви, кожената јакна е неопходна за сезоната што претстои и ќе биде парче облека на кое ќе се враќате од година во година.