Љубовните експерти истакнуваат дека искреноста е најдобрата основа за среќна и здрава врска. Меѓутоа, често се случува партнерите да се лажат еден со друг, правдајќи се дека се „бели лаги“ и дека сето тоа го прават за општо добро.
Љубовниот експерт Џесика Алдерсон ги откри најчестите причини за лажење во врска и објасни кога треба да се грижите дека лагите ќе ви ја уништат врската.
Според неа, несигурноста е една од главните причини за лажење, а покрај ова, има уште пет кои се присутни во речиси сите врски.
„Лагата може да биде резултат на желбата да се избегне испрашување што би донело немир во врската или нема волја и енергија да реши некој проблем“, рече таа.
Како што вели, луѓето често го лажат партнерот за да не му ги повредат емоциите.
– Ова обично се случува кога длабоко се грижиме за некого и кога не сакаме таа личност да се разочара од нас – објаснува Џесика.
1. „Бели лаги“
– Повремените невини или „белите“ лаги не се лоша работа. Но, не треба често да ги користите, бидејќи лесно можат да станат навика – предупредува таа.
2. Лаги за пари
– Најчеста лага во врските е поврзана со трошење пари. Финансиите се една од водечките причини за напнатост во односите, бидејќи луѓето често имаат силни ставови за парите – вели Џесика.
Причините зошто луѓето лажат за пари обично се поврзани со чувството на вина, контрола и страв. Ако сте во долга врска, паричните лаги може да ја поткопаат довербата помеѓу вас и вашиот партнер.
– Довербата е еден од темелите на секоја врска, а ако партнерот не ви верува поради лага, со текот на времето ќе ви стане тешко да верувате дури и кога ја кажувате вистината – наведува таа.
Џесика вели дека многу мал број лаже за поголеми работи, како што се плановите и желбите за иднината. Но, ако го лажете партнерот за ова, време е да се запрашате зошто го правите тоа.
– Овие големи теми не се нешто за што треба да разговарате на првиот состанок, но, на пример, ако сте во врска и гледате иднина, работите како децата треба отворено да се разговараат – советува Џесика.
3. Лаги за тоа што правите или каде сте
Еден љубовен експерт вели дека ако имате здрава врска, нема простор за лаги каде сте, што правите и со кого сте.
– Секако, независноста во врската е важна и не треба да ја информирате девојката за секој ваш чекор и потег, но да лажете каде сте, со кого и што правите, не е во ред – нагласува Џесика.
4. Лажете дека сте среќни во врска
Според неа, луѓето лажат за својата среќа затоа што се плашат да не останат сами.
– Помислата да се биде сам може да биде застрашувачка, но да знаеш да бидеш сам и да уживаш во слободата е една од најдобрите работи што можеш да ги направиш за себе – советува таа.
5. Лаги за минатите врски
– Луѓето понекогаш лажат за минатите врски за да ги заштитат своите партнери. Меѓутоа, кога станува збор за споредување на сегашниот партнер со претходниот, најдобро е тоа само да не го правите – изјавила Џесика.
Сепак, тој вели дека не треба да се лаже за минатите постапки.
– Ако се работи за нешто посериозно, како на пример за тоа дека сте изневерувале во претходна врска, можеби ќе бидете во искушение да се согласите околу тоа, но треба да бидете отворени и искрени без разлика на се – заклучила таа.