Кои се симптомите кои укажуваат на недостаток на витамин Б9?

popara19 март, 20221min00
Screenshot_4

Една нова студија покажа дека ниското ниво на витамин Б9 – инаку познат како фолна киселина – го зголемува ризикот од деменција во староста. За да можете навреме да реагирате и да спречите појава на проблеми, најдобро е во исхраната да вклучите храна богата со витамин Б9.

 

Витаминот Б9, кој е познат и како фолна киселина, фолат и фолацин, е еден од витамините Б кој помага во изградбата на здрави црвени крвни зрнца.

 

Фолната киселина најчесто ја консумираат трудниците поради нивното здравје, но неодамнешните истражувања покажаа дека оние кои имаат пониско ниво на Б9 се изложени на поголем ризик од развој на деменција подоцна во животот.

 

Студијата, објавена во списанието Evidence Based Mental Health, собрала податоци од 27.000 Израелци на возраст од 60 до 75 години на кои не им била дијагностицирана деменција, пишува Mirror.

 

Утврдено е дека оние со дефицит на фолати имале 1,68 пати поголем ризик од развој на деменција и 2,98 пати поголем ризик од смрт. Ниските нивоа на Б9 предизвикуваат намалување на вашиот хипокампус и доведува до губење на меморијата

 

Д-р Јоанис Лиакас ја објасни важноста на Б9: „Иако делува на сличен начин како и другите Б витамини за одржување на здрав црн дроб, кожа, коса и очи, витаминот Б9 е особено важен за овозможување на функцијата на мозокот“.

 

Витаминот Б9 може директно да влијае на менталното и емоционалното здравје.

 

Д-р Лиакас додаде: „Недостатокот на витамин Б9 може да доведе до намалување на хипокампусот (важен дел од вашиот мозок помеѓу двете хемисфери)“, а ова намалување е она што доведува до деменција и губење на меморијата.

 

Кои се симптомите на недостаток на витамин Б9?

Промената на нивото на енергија обично може да укаже дека имате недостаток на витамини. Ова значи дека недостатокот на витамин Б9 може да биде тешко да се идентификува бидејќи изгледа сосема слично на другите недостатоци.

 

 

Еве ги симптомите на кои треба да внимавате:

 

-екстремен замор

-недостаток на енергија

-болен и црвен јазик

-чирови во устата

– мускулна слабост

– нарушен вид

-психолошки проблеми, кои може да вклучуваат депресија и конфузија

 

 

Која храна е богата со витамин Б9?

 

Недостатокот на витамин Б9 можете да го третирате со вклучување на храна богата со фолати во вашата исхрана.

 

Храната богата со фолна киселина вклучува:

 

-Темно зелен лиснат зеленчук (цвекло, спанаќ, зелена салата, аспарагус, бриселско зелје, брокула)

– Мешунките како грав, грашок и леќа

– Кикирики

-Јајца

– Авокадо

-Сончоглед

-Свежо овошје, овошни сокови

-Интегрални житарки

-Морска храна и школки

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma