КОЛАЧИЊА ОД ЈАБОЛКА И ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ! Цела куќа да замириса убаво!

popara12 април, 20221min00
553436_keksici_f

Пробајте здрава верзија на колачиња од јаболка и овес кои ќе бидат меки, миризливи и вкусни со денови. Уживајте!

Состојки:

шолја овесни снегулки

шолја брашно

две третини шолја шеќер

половина лажичка прашок за пециво

половина кафена лажичка пченкарен скроб

малку цимет

половина шолја рендани јаболка

четвртина шолја путер или маргарин

четвртина шолја обично или бадемово млеко

Подготовка:

Измешајте ги овесните снегулки, брашното, шеќерот, скробот, циметот, прашокот за пециво и малку сол. Се додаваат ренданите јаболка, омекнатиот маргарин и млекото, се убаво се замесува, па од добиената смеса се формираат бисквити и се редат во плех обложен со хартија за печење. Се пече во рерна на 180 степени 15 минути.

Уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma