Отворете ги широко очите и слободно користете ги рацете – задачата е многу полесна отколку што можеби изгледа на прв поглед
Оптичките илузии служат да нè забавуваат и да ја тестираат нашата моќ на набљудување. Така е и со фотографијата над овој текст.
Кога ќе „погледнат“ во неа, сите ќе видат свиња што ја кренала главата. Но, на истата фотографија се крие и еден був.
Дали успеавте да го забележите?
Задачата не е тешка, особено ако имате добро искуство во решавањето на криенки. И самите знаете што да правите – само треба добро да се сконцентрирате и внимателно да го погледнете секој дел од фотографијата, од секој агол.
Ако гледате во криенката преку мобилниот телефон, веројатно ќе ви биде полесно да го пронајдете бувот.
Ако не успеавте да ја откриете птицата која е симбол на мудроста, погледнете го решението подолу.