Разводот или раскинувањето се сметаат за втор најстресен настан во животот.
Раскинувањето на врска никогаш не е лесно, дури и ако тоа е добра одлука во вашиот живот. Иако можеби изгледа малку полесно за личноста која го иницирала раскинувањето, и двете страни страдаат.
На вашиот ум му треба време да „оздрави“, а за тоа треба да си дадете – време.
Можеби мислите дека ќе бидат потребни години за да се надмине раскинувањето, но според експертите, тоа не трае толку долго колку што мислиме. Се разбира, должината на вашата врска игра витална улога во тоа колку е лесно или тешко да се продолжи понатаму, но добрата вест е што е потребно помалку време отколку што мислевме.
Колку време е потребно за да се надмине раскинувањето?
Раскинувањето на врската може да донесе низа негативни емоции. Тоа може да влијае на вашата самодоверба, влијаејќи на различни аспекти од вашиот живот. Веројатно сте слушнале дека е потребно половина време од врската за да се надмине раскинувањето, но тоа всушност не се верува дека е вистина. Неколку фактори влегуваат во игра, како на пример она што чувствувате за вашата врска и за себе потоа. Сепак, според клиничкиот психолог д-р Рамана Дурвасула, потребни се околу шест недели за да се навикнеме на животот без поранешниот партнер, пренесува The List.
– На моите клиенти постојано им велам: дајте си шест недели – истакнува д-р Рамани.
Студијата од 2007 година покажа дека 71% рекле дека им биле потребни околу три месеци за да го надминат раскинувањето, додека студијата од 2017 година покажа дека биле потребни околу шест месеци. Сепак, секоја врска е посебна.
Најдобро е да ги прекинете сите врски и сите форми на комуникација веднаш по раскинувањето за да можете да продолжите понатаму, но социјалните мрежи го отежнуваат тоа. Ова може да биде уште поголем предизвик во свет каде што повеќето од нас се на социјалните мрежи.