Колку долго може да истои БРАШНОТО: Постојат начини да го продолжите рокот на траење, а еве како да препознаете дали е расипано

popara5 ноември, 20221min00
3702_shutterstock-295248206_f

Предизвикувачките и неизвесни времиња ги принудија повеќето луѓе да си обезбедат залихи од одредени прехранбени производи, особено брашно.

Полиците во продавниците се празнеа преку ноќ. Токму затоа што многумина имаа складирано во своите домови, не е лоша идеја да се знае колку долго може да издржи брашното и како изгледа кога ќе се расипе. Иако брашното е термички преработена храна и само по себе содржи мала количина на влага.

Обичното брашно најдобро е да се користи 6-8 месеци по испечатениот датум, додека интегралното брашно е најдобро да се користи 4-6 месеци по истиот. За да го продолжите рокот на траење на брашното, можете да го чувате во фрижидер или дури и во замрзнувач. Со чување на брашното во фрижидер, можете да го продолжите рокот на траење до една година, додека чувањето во замрзнувач може да го продолжи до две или три години.

Клучна улога има и типот на брашно, а најдолго трае вообичаеното бело брашно, додека пократок рок на траење има она со цели зрна – вклучувајќи го и интегралното.

Како изгледа расипано брашно?

Еден од најдобрите показатели дека брашното се расипало е мирисот. Ако забележите дека брашното добило мирис – главно ужегнат, ова е веројатно знак дека треба да се збогувате со него, дури и ако рокот покажува поинаку. Исто така важи и спротивното, ако рокот е истечен, но брашното сè уште нема мирис – можете да продолжите да го користите некое време.

Знак дека брашното е расипано може да биде и кога ќе ја смени бојата или кога ќе се појават мувла или молци.

Појавата на молци најчесто е предизвикана од влажноста или високите температури, но и да го чувате брашното на темно место во оставата, не сте ја завршиле работата. Најдобрата опција за заштита од инсекти и мувла е да не се чува во хартиени кеси, туку во затворена тегла или фрижидер.

Треба да биде суво и темно место.

Топлината и сончевата светлина може да го расипат брашното порано отколку што пишува на задната страна на пакувањето, затоа погрижете се да е подалеку од рерната или од други извори на топлина и светлина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag